Print this page

Меморандум за соработка за заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот

 

Претседателот на Адвокатската комора на РМ, г. Љубомир Михајловски, министерката за правда на РМ. проф. д-р  Рената Десковска, претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс и  претседателот на невладината организација Сојуз за превентива на престапништво и малолетничка деликвенција г. Лазар Нанев, потпишаа Меморандум за соработка за заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот.

Главната цел на оваа соработка е да се унапреди знаењето на адвокатите и да се подобри заштитата на правата на децата кои доаѓаат во контакт со законот – деца кои извршиле кривично дело или кои се осомничени за кривично дело, деца сведоци и деца жртви. Соработката ќе придонесе да се зајакне поврзувањето на сите институции, особено во поглед на прибирањето и користењето на податоците за деца во контакт со законот.

Според Законот за правда на децата, секој адвокат треба најмалку пет дена во текот на годината да следи специјализирана обука за правда за деца. Меморандумот за соработка предвидува специјализирани обуки за адвокатите што работат со деца во контакт со законот, според претходно подготвена програма за теоретска и практична настава.