Заштита на лични податоци

Со законот за заштита на личните податоци се уредува заштитата на личните податоци како основни слободи и права на граѓаните, а особено правата на приватност во врска со обработка на лични податоци.


Офицери за заштита на лични податоци:

Елена Павловска-Доковска

Роза Ивановска Блажевска

тел. 02/3212-452
e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

ПОЛИТИКА ЗА ПРИВАТНОСТ

 

Адвокатската комора на Република Северна Македонија ја препознава  важноста на приватноста и затоа обезбедува заштита на личните податоци добиени по било кој основ, а кои автоматски или рачно се обработуваат од страна на комората.

Политиката за приватност на Адвокатската комора на РСМ e заснована врз Законот за заштита на лични податоци. АКРСМ ги презема пропишаните технички и организациски мерки за заштита на личните податоци во текот на своето работење.

Законски дефинираните надлежности на Адвокатската комора на РСМ вклучуваат и обработка на лични податоци кои рачно или електронски се обработуваат во текот на работните процеси. За обработката на личните податоци при поднесување на барање до АКРСМ, лицата даваат своја согласност со потпишување на согласност при поднесување на прво нивно барање.

Доколку Адвокатската комора на Република Северна Македонија разменува лични податоци со трети лица (други државни и јавни институции и органи, правосудни органи и субјекти кои имаат законски основ да користат податоци од АКРСМ), тоа се прави исклучиво за остварување на законски утврдените надлежности.

При секоја посета на веб-страната на Адвокатската комора на Република Северна Македонија, се прави запис од страна на веб-серверот (во т.н. log-files) на Вашата IP адреса и технички детали за Вашата посета (сесија) на веб-страната. Овие записи служат за заштита на нашиот систем.

Освен ова, на Вашиот компјутер се запишуваат и т.н. колачиња за кои АКРСМ има посебна политика и која можете да ја најдете на линкот: Политика за Web колачиња

Внимателно прочитајте ја оваа Политика за приватност. Вашето користење на веб-страната значи прифаќање на оваа Политика за приватност.

Доколку не се согласувате со условите наведени во оваа Политика за приватност, Ве молиме не користете ја веб-страната на АКРСМ.

Оваа Политика за приватност не се однесува на веб-страни кои сте ги посетиле преку некој од линковите поставени на нашата веб-страната.

  

ПОЛИТИКА ЗА КОЛАЧИЊА - „COOKIES” 

 

Колачињата се мали текстуални датотеки кои се запишуваат на Вашиот компјутер или мобилен уред при посета на некоја веб страна. Колачињата чуваат информации за вашите поставки во веб прелистувачот, како на пример: јазик, големина на фонт како и самиот факт дека веќе сте посетиле одредена страница. На тој начин при повторна посета на истата страница не мора повторно да ги поставувате. Некои од колачињата се неопходни за функционирање на страниците, а некои служат и за собирање статистички податоци. 

Генерално во поголемиот број прелистувачи можете да спречите користење на колачиња, со што понатаму поединечно за секоја веб страна можете да ги поставувате вашите преференци. Притоа, можно е некои веб страни или нивни делови да не функционираат. 

Веб страницата на Адвокатската комора на Република Северна Македонија ги користи следните типови колачиња: колаче за зачувување на ваши поставки при посета на страницата и колаче кое служи за статистички анализи. 

Сите информации кои се запишуваат во колачињата, Адвокатската комора на РСМ ќе ги користи исклучиво за потребите на web услугата или за статистички потреби и тоа на начин на кој вашата приватност нема да биде загрозена. Доколку вашите лични податоци треба да бидат запишани во колачињата, тоа ќе биде со ваша претходна согласност.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме