ОБУКА НА ОБУЧУВАЧИ: „Обезбедување на бесплатната правна помош во Северна Македонија“

12 Декември 2023

Адвокатската комора на Република Северна Македонија и Програмската канцеларија на Советот на Европа во Скопје со поддршка на проектот За консолидиран и поефикасен систем за бесплатна правна помош (БПП) во Северна Македонија“„ кофинансиран од Европската Унија и Советот на Европа, организираат Обука на обучувачи на тема „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“.

Обуката ќе се одржи со физичко присуство во Скопје, во просториите на идниот Центар за едукација на Адвокатската комора на Република Северна Македонија од 22 – 26 јануари 2024 година (5 консекутивни дена). Насоките за започнување на обуката ќе бидат навремено доставени до сите учесници со детални инструкции во насока на начинот на функционирање и динамиката на следење на обуката.

Оваа обука за обучувачи е отворена за сите адвокати заинтересирани за се стекнат со сертификат за обучувачи. По комплетирање на обуката, адвокатите кои успешно ја завршиле ќе бидат ангажирани да спроведат низа на каскадни обуки на адвокати на темата „Обезбедување на бесплатна правна помош“.

Дополнително, адвокатите коишто успешно ќе ја завршат оваа обука за обучувачи ќе може да бидат дел од регистарот на обучувачи на Адвокатската комора на РСМ.

Материјалите за конкретната обуката за обучувачи „Обезбедување на бесплатна правна помош во Северна Македонија“ се изработени од домашни и меѓунардони консултанти во рамките на гореспоменатиот проект на Европската Унија и Советот на Европа.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведената обука е до 30 декември 2023 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса. Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

 

*Напомена:

Услов за успешно комплетирање на обуката, добивање на сертификат за обучувач и понатамошно ангажирање за каскадните обуки е континуирано присуство во текот на предвидените 5(пет) дена.

Патните трошоци и сместувањето на адвокатите кои доаѓаат од другите градови од државата ќе бидат покриени од страна на Советот на Европа.

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме