-->

КУРС ЗА ПРАВА НА ЗАШТИТА НА ПОДАТОЦИ И ПРИВАТНОСТ ВО СОРАБОТКА СО СОВЕТ НА ЕВРОПА - ХЕЛП ПРОГРАМА ЗА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ЗА ПРАВНИ ПРОФЕСИОНАЛЦИ

Адвокатската комора на Република Северна Македонија, во соработка со Советот на Европа - ХЕЛП Програма за едукација за човекови права за правни професионалци, организира курс за адвокати за правата на заштита на податоци и приватност.

Kурсот „Права на заштита на податоци и приватност“ е изготвен во рамки на Европската програма за образование за човекови права за правни професионалци во 28-те земји членки на ЕУ, позната и како „ХЕЛП во 28-те”. Се работи за програма на Совет на Европа со методологијата на ХЕЛП, финансирана од ЕУ.

Материјалите за обука се изготвени од меѓународни експерти, со цел да се подобрат знаењата и вештините што директно може да се применуваат во секојдневната работа. Се работи првенствено за on line курс, којшто е интерактивен и се состои од повеќе модули.

Овој курс е отворен за сите заинтересирани адвокати. По завршување на курсот, адвокатите ќе добијат сертификати од Советот на Европа и Адвокатската комора на Република Северна Македонија за успешно завршен курс.

На 18 февруари 2020 година, во Скопје, ќе биде одржана средба за започнување на ХЕЛП курсот „Права на заштита на податоци и приватност“, каде што детално ќе биде објаснет начинот на функционирање на курсот. Агендата дополнително ќе биде доставена на пријавените адвокати.

Рокот за регистрација на заинтересираните адвокати за горенаведениот курс е до 11 февруари 2020 година и истите своето учество можат да го пријават на следната е-маил адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.. Учесниците ќе бидат прифаќани врз основа на принципот: прв пријавен – прв услужен.

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме