-->

ОНЛАЈН ОБУКА: „Улогата на адвокатите во процесот на извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права“

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Европската мрежа за имплементација (EIN) организираат online обука за извршување на пресуди на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) наменета за адвокати. Целта на обуката е зајакнување на капацитетите на адвокатите во Р.С.М во процесот на извршување на пресудите на ЕСЧП. 

Со ратификацијата на Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП), нашата држава има преземено голем број на обврски, вклучувајќи и задолжителност за извршување на пресудите на ЕСЧП. Извршувањето на пресудите на ЕСЧП е клучна алатка при обезбедување на ефикасност и промовирање на заштитата на човековите права. Притоа, ефикасноста на целокупниот систем на извршување на пресудите на ЕСЧП не зависи само од еден орган, туку од меѓусебна и координирана работа од сите засегнати страни. 

 Во целиот процес, особено важна е улогата на адвокатите, кои преку следење на процесот на извршување на пресудите на нивните клиенти, првенствено следејќи дали утврдените повреди на правата загарантирани со ЕКЧП се соодветно отстранети, како и можноста да ги искористат различните механизми кои им се на располагање доколку државата не ги презема потребните мерки за извршување на пресудата, водат кон зајакнување на системот за заштита на човековите права и доследно остварување на принципот на владеењето на правото. 

 Online обуката ќе се одржи на 4 јуни 2020 година преку ЗООМ платформата, со почеток од 15:30 часот и ќе трае 90 минути. Работниот јазик на обуката ќе биде англиски. 

 Фокусот на обуката ќе биде ставен на: 

  • Извршување на пресудите на ЕСЧП во Р.С.М;
  • Што е потребно да знаете за процесот на извршување на пресудите на ЕСЧП;
  • Улогата и придонесот на адвокатите и граѓанското општество во процесот на извршување на пресудите на ЕСЧП;
  • Клучни случаи против Р.С.М и важноста за комбинирањето на застапување во Стразбург со застапување на национално ниво.

Обуката ќе ја спроведуваат Џорџ Стафорд - директор на EIN и Агнес Цицароне  - програмски и финансиски менаџер во EIN. 

 Ве замолуваме вашето присуство да го потврдите до 28 мај 2020 година до 16:00 часот на следниот линк. 

 

 

Адреса

ул. Руди Чајевац бр. 1, локал 15, Аеродром, 1000 Скопје

Телефон:     +389 2 3212 452
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер 
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме