Можност за надомест на трошоци на постапката при обезбедување на правна помош за повреди на избирачко право во соработка со Институтот за правни и политички истражувања

07 Ноември 2017

Имајќи ја предвид исклучителната важност на почитувањето на слободното избирачко право, како еден од основните предуслови за владеење на правото и значаен индикатор за нивото на демократијата во едно општество, Адвокатската комора на Република Македонија (АКРМ) активно се вклучи во процесот на унапредување и заштита на изборниот процес и избирачкото право преку соработка со Институтот за правни и политички истражувања (ИППИ), кој спроведува активности за заштита гласачките права, во рамки на Проектот „Правна заштита на гласачките права”. Проектот е поддржан од Стејт департментот на Соединетите Американски Држави/Биро за меѓународни наркотици и спроведување на правото (ИНЛ) и Амбасадата на Кралството Холандија.

ИППИ е невладина организација која работи во областите на унапредување и заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото. Во оваа смисла, главна цел на проектот „Правна заштита на гласачките права” е зајакнување на заштитата на избирачкото право, како едно од основните човекови права, при што е предвидено и обезбедување на комплетна бесплатна правна помош на лица чиешто избирачко право е загрозено или повредено на определен начин, особено во контекст на последните локални избори.

Крајната цел на проектот е да се документираат повредите на избирачкото право, при што ќе се изврши профилирање на кршењето на ова право и ќе се лоцираат евентуални системски недостатоци кои оневозможуваат соодветно ниво на заштита и превенција. Оваа анализа ќе овозможи да се биде во чекор со проблемите и потребите на системот и ќе претставувува значаен индикатор во насока на преземање на конкретни идни чекори за подобрување на правниот систем преку унапредување на заштитата на избирачкото право.

АКРМ, како значаен чинител во унапредувањето и заштитата на основните човекови и граѓански права, го поддржа ИППИ во спроведувањето на активностите за заштита на гласачките права, особено во однос на идентификување на случаи на повреда на избирачкото право, како и обезбедување на бесплатна и квалитетна правна помош на граѓаните чии избирачки права се загрозени или повредени.

Во оваа смисла, ги повикуваме адвокатите да пријават сознанија за повреди на избирачкото право, односно дека определено лице побарало правна помош за заштита на своето избирачко право. Доколку предметот е селектиран од страна на ИППИ, на адвокатот ќе му се надоместат трошоците во врска со постапката за заштита на избирачкото право, која би се иницирала и спроведувала од негова страна пред надлежен суд или друга релевантна институција.

Заинтересираните адвокати може да пријават сознанија за повреди на избирачкото право, односно дека определено лице побарало правна помош за заштита на своето избирачко право на следната e-mail адреса: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Рокот за пријавување е до 20 ноември 2017 година. Ве молиме во пријавата наведете ги Вашите контакт податоци (име и презиме, адреса, телефон, e-mail адреса), како и краток опис на фактите на случајот и видот на повредата. Сите пријавени адвокати ќе бидат исконтактирани.

Адреса

ул. Даме Груев бр. 3 , 1000 Скопје, Македонија

Телефон:     +389 2 3212 452
Факс:           +389 2 3165 409
Emaillawyermk@mba.org.mk

ЖИРО СМЕТКА НА АДВОКАТСКАТА КОМОРА:
300 000 001 142 696
Комерцијална банка АД Скопје

_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _
Информации од јавен карактер
_ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _ _

Каде се наоѓаме